„Една мала анкета за сите љубители на филмот, т.е. избор од Американската сцена (East Coast – West Coast) и едни од нивните највоиконети творци – Robert Rodriguez и Jim Jarmusch.“
Два оригинални лика, од кои првиот работи и парче прави по Hollywood и вториов, највпечатлив лик на New York-шката независна и уметничка сцена, кој што е далеку популарен во Европа и Јапонија. Да видеме што повеќе ќе ве „Маа“ вас, но да почнеме по ред.
ROBERT RODRIGUEZ: Може ли еден режисер повеќе да докаже дека има „муда“ и да направи нешто помашко, од правење на проект – „направи сé сам“?! Овој американски Мексиканец има почнато така што сам напишал сценарио, помеѓу своите роднини ги пронашол глумците за филмот, сé сам снимил, па после сето тоа го измонтирал и така настанал легендарниот “El Mariachi”. Целиот филм чинел 7 000 $, кои El Roberto ги дал од свој џеб. Од таму па натаму, сé друго е историја. Следат “Desperado” и запознавањето со Tarantino (Кој кога дошол на снимањето на “Desperado”, му ја дал идејата да ја направи неговата доларска трилогија, која завршува со “Once Upon A Time In Mexico” – сами одлучете дали е достојна да се споредува со антологијата на Sergio Leone), со кој заедно работи на “Four Rooms”, еден од дефинитивно најзабавните филмови од крајот на 90-тите.
Во меѓувреме Rodriguez сними и некои детски филмови – како што вели самиот – да се врати на своите корени, поточно на еден чуден серијал кој го снимил за мексиканскиот пазар. Но, за да остане достоен во „уфлањето“ на свои Macho карактери, во филмот го стави и Danny Trejo, најгрдата фаца од двете страни на Rio Grande. Потоа, сите нас не рокна со адаптацијата на стрипот на Frank Miller, “Sin City”, која што и без најмал коментар е најдобро направена визуелна реплика на стрип и која со сигурност го остава без здив секој филмофил и љубител на стрипови. Во последната соработка со Tarantino, го сними својот дел – “Planet Terror”, од мини серијалот “Grindhouse”, во кој со самиот филм не се истакна ништо посебно, но повторно искреира некои свои одлепени карактери, како стриптизетата која со митралез наместо нога, касапи орди од зомби!
Robert Rodriguez и Quentin Tarantino
сцена од “Desperado”
Во 2009г. пак се врати на филмовите за деца, со остварувањето “Shorts” (целиот наслов е “Shorts: The Adventures Of Wishing Rock”) една фамилијарна комедија/авантура, слична на “Spy Kids”, направен во четири епизоди кои одат по нехронолошки редослед, за деца и видео игри, повторно исполнети со еден куп специјални ефекти. Последно од неговата филмографска листа е филмот “Мachete “, кој на еден начин е нов дел од серијалот “Grindhouse”, кој што има започнато како лажен trailer кој заедно со Tarantino го направија и пуштија во 2007г. Приказната е за карактерот кој на кратко се појавува во неговите филмови “Spy Kids”од 2001, Machete Cortez, бивш Мексикански федералец, a сега ренегат кој е носи своја лична правда во светот преполн со криминал и лоши ликови. Danny Trejo во овој филм ја игра својата прва главна улога во кариерата, а своите улоги од trailer-от ги повторуваат Cheech Martin и Jeff Fahey, а се појавуваат и еден куп други ѕвезди.
феноменалниот “Sin City”
JIM JARMUSCH: Знаете ли некој друг што прави закон филмови, во кои глумат cool-ери како Tom Waits, Iggy Pop, Rza, John Lurie и уште цел еден куп на култни фаци, има преполни полици со награди од Cannes и не ебе жива сила, туку упорно си тера по свое?!? Мене стварно не може да ми текне на друг таков! Како што вели еден хрватски новинар, уште кога ја видите неговата бела и седа глава, ми доаѓа идејата дека треба да се заштити со закон, како белоглавиот Американски орел!
Уште во 80-тите го направи својот првенец “Permanent Vacation”, кога американската филмска сцена беше длабоко поделена (не дека сега не е…) помеѓу вечно гладниот за пари Hollywood и независното филмување, лоцирано во New York. Иако царот Jim дефинитвно има излезено од вториве, тој воопшто не сака да му ја лепат етикетата „независен“: „Веќе ми иде зло од тој збор! Тоа стана Label, кој се става на робата за да се шитне полесно! Секој што прави филмови онака како што сака, без маркетинг стратегии и комерцијални шпекулации, е независен.“ – вели Jarmusch. Како и да е, тој и понатаму тврдоглаво инсистира на тоа сам а одлучува, нема никакви компромиси со финансиерите и не робува на никој освен на себе! Ваквиот карактер, до ваков климакс, го има развиено уште како студент на филмската школа во NYU, кај што му бил асистент на Nicholas Ray (најголемиот бисексуален режисер на Hollywood. Го има направено: “Rebel Without a Cause”; “They Live By Night”) и на Wim Wenders, во снимањето на документарецот за смртта на Ray – “Lightning Over Water – Nick’s movie”( ‘ 80г.).
Stranger Than Paradise
Така настанала и една од најспоменуваните легенди за Jim Jarmusch – првиот дел од неговиот втор филм, ремек делото “Stranger Thаn Paradise”. Имено, го снимил со една лента на филм, која му останала на Wim Wenders, а остатокот го доправил кога собрал кеш и после монтажата следи Cannes, на кој ја добива наградата за најдобра фотографија, а по ова следат еден куп други. Сé што потоа следи е антологија: “Down By Law”; “Mystery Train”и “Night On Earth”.
Злобниот евреин од Miramax, Harvey Weinstein (инаку редовен продуцент на Tarantino и Rodriguez), пробал да го натера да го промени пола од “Dead Man”, за да биде што поприфатлив за широкиот пазар. Но шупаков налетал на карактерот на Jarmusch, кој не попуштил, па така сите ние го имавме задоволството да го гледаме “Dead Man” во оригинална форма. После тоа следи самурајско – мафијашкиот “Ghost Dog” и варијациите на тема – зависност од кафе и цигари – “Coffee And Cigarettes”, кој е склоп од кратките филмови кој Jim ги снимил во тек на 17 години.
сцена од “Coffe And Cigarettes”
Повеќе за филмографијата на Jim Jarmusch не мора да споменуваме (иако има уште доста), затоа само ќе ви го кажам податокот дека има основано „тајна“ организација, по име “The Sons Of Lee Marvin”. Членови се тој, Tom Waits, John Lurie и Nick Cave и други почесни членови. Услов за учество во овој клуб е за личите на Lee Marvin. Жени не примаат! Еднаш на Tom Waits му пришол некој тип и рекол: „Какво е тоа срање за синови на L. Marvin? – Што ти е гајле?!“ – му вратил Tom. Типот му одговорил: „Јас сум вистинскиот син на Lee Marvin“. И стварно…..