Рипна во тавче и Македонецот што ѝ беше миленик на Карлеуша во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Невестата преубава во тесната бела венчаница

Се ожени најдобриот фраер во „Ѕвездите на Гранд“
Невестата изгледаше како принцеза од бајките, а младоженецот блескаше покрај неа во костумот што му стоеше совршено.
Шармантниот финалист во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски, кој важеше за еден од најзгодните во шоуто, се ожени во тајност.
Тој со својата избраничка се сврши минатата година, а сега застанаа на лудиот камен и се заколнаа на вечна љубов.
Инстаграм/ Филип Пецовски
И додека невестата блескаше во раскошната венчаница од сатен преку која носеше бела бундичка и со вел на главата, младоженецот носеше бело сако, додека панталоните и кошулата му беа во црна боја.
Тој на својот Инстаграм подели неколку фотографии од интимната прослава, а под кои напиша „Господин и госпоѓа Пецовски“.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Потсетуваме, Филип додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ важеше за еден од најзгодните пејачи во шоуто.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Тој тогаш беше во тимот на Јелена Карлеуша на која и беше миленик, а по шоуто објави неколку песни што станаа хитови.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Филип и денес важи за миленик на претставничките на понежниот пол, иако ги изненади сите кога откри дека ќе се жени.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Инстаграм/ Филип Пецовски
Имено тој пред неколку месеци ги изненади сите кога откри дека ја пронашол својата сродна душа, но и дека ја запросил.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Овие фотки се уште стојат на неговиот Инстаграм, а неколку детали и од овој важен ден во животот на пејачот, погледнете во продолжение…