Новости

По Кајли Џенер и Ријана остро ја нападна – дали е ова крај за познатата социјална мрежа?

Advertisement

Познатата пејачка бесна поради непримерна реклама

Advertisement

Неодамна еден Твит на Кајли Џенер ја сруши вредноста на Снапчет за 6.1 отсто, односно околу 1.3 милијарди долари, а сега се случи слична ситуација, но многу посериозна и понезгодна. Овој пат вредноста на акциите на социјалната мрежа ги сруши Ријана и тоа за 4 отсто откако ја нападна платформата поради непримерна реклама. Таа со тоа предизвика штета од речиси милијарда долари и голема е веројатноста по оваа непријатна ситуација социјалната мрежа да не може да закрепне. Имено, на Снепчет се појави реклама за играта „Would You Rather“ („Дали повеќе би сакале“) каде беа понудени опциите – дали ќе и удрите шлаканица на Ријана или ќе го удрите Крис Браун.

Иако рекламата веднаш беше тргната подигна толку прашина па реакциите од јавноста со брзина на светлината се ширеа низ мрежата. На крајот за целата работа дозна и Ријана која преку нејзиниот профил на Инстаграм порача дека треба да се засрамат бидејќи се шегуваат со семејното насилство и сите жртви што го почувствувале.

Advertisement

Целата оваа ситуација за Ријана беше посебно потресна и чувствителна. Имено убавицата од Барбадос во 2009 година додека беше во врска со познатиот репер беше жртва на брутален физички напад од него. Познатиот музичар маченички ја тепаше и ја гризеше по телото. Крис поради тоа беше осуден на шест месеци општествено корисна работа, а доби и пет години условна казна и забрана да и се приближува на пејачката во близина помала од 50 метри.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button