Реклама
Модни совети

Ријана и Бијонсе во тексас од глава до пети

Реклама

Тексасот се врати на голема врата и е еден од водечките трендови веќе неколку сезони, а новина е што сега можетте да го носите од глава до пети.

Овој тренд е слабост на многу познати девојки, па доколку сакате да изгледате како некоја холивудска ѕвезда, ви предлагаме да се инспирирате од најдобрите, односно да го позајмите стилот токму од овие две девојки. 

Маркетинг

RIHANNA

Ријана минатата година низ улиците на Њујорк се прошета во здолниште со молив крој од тексас со потписот „Acne“ и кошула од „Current/Elliot“. Нејзината комбинација беше заокружена со чанта од крокодилска кожа и чевли од „Мanolo Blahnik“ во неутрална боја, со што нејзиниот целосен стајлинг беше повеќе од полн погодок.

Маркетинг

BEYONCE

Од друга страна пак, и Бијонсе пред неколку недели на Инстаграм пред своите пријатели се пофали со потполно идентичен look.

Таа носеше „Frame Denim“ здолниште во комбинација со обична бела маица и кратко тексасно палтенце кое исто како и Ријана го украси со брошеви од модната куќа Шанел. Нејзината комбинација беше заокружена со чевлите „Follies Resille” од новата есенска колекција на „Christiana Louboutin“.

Па, што мислите – која од овие две девојки подобро го носи овој тренд?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button