Реклама
Коса

Ријана се враќа кон своите корени со долгата коса

Реклама

 

Миленичката на таблоидите овој пат пријатно ги изненади сите со својот нов изглед. Фотографирана е на забава во холивудски ноќен клуб каде се појавила со пријателки и ја прошетала својата нова фризура, поточно долга коса, слична на нејзиниот невин изглед од пред неколку години.

 

Маркетинг

Секако, кога оваа убавица од Барбадос ја пееше “Pon de Replay” во 2005, нејзината грива беше попитома. Сега може да се пофали со опасни бои и избричени страни на главата. Може да се каже дека Ријана е сон на секој фризер: не само што со задоволство ги испробува новите трендови, туку и многу често ги посетува фризерските салони, најверојатно опседната со својата коса. Оваа девојка почесто ги менува фризурите одошто некои луѓе чорапите

Маркетинг

Без разлика дали Ријана сака да промени нешто по раскинувањето со Крис Браун или едноставно сака пак да испроба нова фризура, мораме да признаеме дека оваа лоша девојка навистина добро ги носи сите можни фризури!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button