За Рибите веќе знаеме дека обожаваат да фантазираат и дека се емоционални. Но, понекогаш не го кажуваат она што точно им паѓа на памет. Понекогаш живеат во свој сопствен свет, но затоа се разиграни како дете. Ако сакате да бидете во врска со една Риба, тогаш ќе мора внимателно да постапувате со овие нежни битија.
На Рибите им треба многу љубов и внимание, иако тоа нема јасно да ви го соопштат. Тие тежнеат за нежности и искажување чувства, а најчесто даваат повеќе отколку што е потребно, па во љубовната врска вниманието никогаш не им е доста. Тие исто така се големи романтичари, па ако можете да ги надминете нивните очекувања, Рибите ќе ве сакаат на многу поинаков начин.
Овие личности не сакаат секојдневни задачи, туку се љубители на цртање, пишување или фотографирање. Честопати се определуваат за онаа работа која им овозможува креативно изразување.
Ако сте во врска со Риба, тогаш мора да научите да читате меѓу редови. Меѓутоа, на овие личности не им треба многу за да бидат среќни. Едноставна вечера со свеќи во вашиот дом, ружи или дури само масажа на грвот после долгиот и напорен ден, ќе направи Рибите да се чувствуваат божествено. Само покажете им колку ви значат и тие ќе ви возвратат со иста мера.