Рибите грациозно се движат низ животните патики.
Тие се вљубени во музиката, поезијата и другите уметности, при што честопати се склони кон мечтаење. Понекогаш нивниот романтичен поглед на свет и чувствителност е тешко разбирлива на оние луѓе кои се водени од практичност и реалност.
Тие сакаат магични и мистериозни нешта, како и недопрена природа. Понекогаш имаат тенденција да се осамуваат, но секогаш се враќаат во друштво на другите каде имаат потреба да бидат посветени на некој или нешто. Нивната сензибилност ги прави успешни како уметници, писатели или музичари. Дури и обичната работа знаат да ја доведат на ниво на креативна уметност.
Љубовта е многу битен дел од нивниот живот. Нивната несебичност и посветеност знае да оди до степен за самопожртвување, што не им претставува товар, но задоволство. Често знаат потребите на другите да ги ставаат пред своите.Како љубовници се нежни и романтични, а својот партнер до третираат со несебична посветеност и грижливост. Вистинска гордост е да се биде покрај овие луѓе!