Простувањето е голема доблест со која не можат да се пофалат сите. Некои хороскопски знаци држат лутина во себе долго време, но некои пак сакаат да живеат во мир и хармонија и лесно им простуваат на другите. Раковите и Рибите се едни од нив.
Имено, Рибите се многу емоционални, при што лесно може да се навредат, но, тие исто така и брзо простуваат. По долго мислење, сепак на крај наоѓаат оправдување зошто некој се однесувал на одреден начин и едноставно ќе заборават на проблемот и ќе ги остават случувањата во минатото. Рибата, внимателно го набљудува сето она што се случува околу неа, но и она што се случува во луѓето и бара подлабока смисла. Не може да го замисли нејзиниот живот без спиритуалноста.
Покрај Рибите, по чувствителноста се познаваат и Раковите. Тие речиси во секоја ситуација се водат од емоциите, а притоа успеваат да соберат доволно сила за да им простат на оние кои им згрешиле. За Раковите многу е важен мирот и не сакаат со другите да бидат во лоши односи, па затоа, честопати ќе ви простат за да си го пронајдат сопствениот спокој. Раковите секогаш се одлични слушатели и секогаш умеат да ви дадат добар совет. Затоа, не повредувајте ги намерно, зашто вреди да имате ваква личност до себе.