Личностите родени во знакот Риби речиси секогаш се чувствуваат несфатено или погрешно сфатено. Но, зошто е тоа така? Можеби овие 5 причини го објаснуваат тоа чувство.
1. Нивната изразена емпатија е тоа што ќе ве натера прво на нив да им се јавите кога ќе ви биде тешко. Многу често своите емоции ги ставаат на второ место со цел да им помогнат на другите.
2. Лесно го менуваат своето расположение. На пример, ако сте лути во близина на Риби, тогаш вашата негативна енергија брзо ќе премине и врз нив. Затоа и тие се пребирливи кога станува збор за луѓето во нивното секојдневно опкружување.
3. Можно е да треба да помине многу време додека да ви дозволат да им се приближите. Но, кога тоа конечно ќе се случи, вие засекогаш ќе бидете покрај нив.
4. Постојано истражуваат нови нешта, а нивната среќа нема крај доколку постои некој со кој можат тоа да го поделат. Во љубовта најдобро се согласуваат со оние личности кои се подеднакво „луди“ како и нив. Но, ако се почувствуваат како да се во стапица, тогаш веднаш ќе избегаат.
5. Премногу се чувствителни. На сè!