Реклама
MAMAРецепти

Риба на манастирски начин – идеален рецепт за вашата посна новогодишна трпеза

Реклама

Се ближи новата година, а доколку вашата трпеза оваа година биде посна, тогаш за ручек подгответе ја оваа риба на манастирски начин која веруваме дека ќе ви се допадне.

ФОТО: Printscreen Youtube

Потребни состојки:

  • 3 парчиња ослич
  • 1 главица кромид
  • сончогледово масло
  • свеж магдонос
  • Суви зачини: оригано, босилек…
  • Маслиново масло

Начин на подготовка: Измешете ги сувите зачини, па со нив прелијте ја рибата која претходно сте ја исекле на парчиња. Оставете ја да стои околу 2 часа во фрижидер. Потоа ставете ја рибата на хартија за печење и прелијте ја со масло, по една лажичка на секое парче. Ставете алуминиумска фолија и печете околу половина час на 200 степени, а потоа отстранете ја фолијата и печете уште 10-тина минути. Во посебна чинија се става кромид и магдонос, маслиново масло и сол, па сето тоа се прелива преку врелата риба. Вратете ја фолијата на рибата и оставете ја да стои додека рибата не се олади. Добар апетит во новогодишните и божиќните празници!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button