Револуција на жените таксисти – сѐ започна со една мајка на три деца која бараше подобар живот
Тие решија да ги оспорат правилата во индустријата во која доминираат мажи, онаа на таксистите на мотори, наречена „бода-бода“. И преку програма за обука научија да возат, да се одбранат и да ги поправаат возилата, стекнувајќи финансиска независност и нова самодоверба.
![](/wp-content/uploads/2025/02/d.png)
Во црвените земјишта на Кенија, каде патиштата се движат низ рамнини и ридови, во тек е тивка револуција. Не се работи за вооружени битки или немири, туку за трансформација што се случува на две тркала, предводени од храбри и решителни жени: Бода девојките. Овие жени, облечени во розово и со нивните шарени шлемови, го предизвикуваат светот во кој доминираат мажи, излегуваат на улица и ги менуваат своите животи и животите на нивните заедници.
Целата приказна започнува со Моника Атиено, мајка на три деца која бара решение за подобрување на економските услови на своето семејство.
![](/wp-content/uploads/2025/02/monika.png)
Кенија е земја каде што работните места се ретки, особено за жените, па размислувањето да станете таксист(ка) на мотор, „бода-бода“, работа исклучиво за мажи, не е баш некоја идеја што треба да се разгледува. Но, Моника, чувајќи го својот план во тајност дури и од нејзиниот сопруг, сепак одлучи да се обиде и се приклучи на програма за обука на женски возачи.
Девојката Бода – научија да прават сѐ подобро од мажите
Не беше лесно. Повеќето жени во Кенија не возат, а уште помалку мотор. И тешкотиите, згора на тоа, не беа само технички, туку и социјални. Само големата решителност ги натера да се соочат со малтретирање од машки патници и колеги, вклучително и неодобрување од страна на нивните сопрузи.
Но, овие жени, со извонредна волја, не се откажаа. Тие научија да возат, да се бранат и да ги поправаат своите возила.
Има многу животни приказни за нивната храброст, на пример онаа што ја раскажува „Њујорк тајмс“, за Лилиан Рехема, 33-годишна жена, за која станувањето Бода девојка беше вистинско преродување.
Откако починал нејзиниот сопруг, таа повеќе не можела да ги издржува своите четири деца сама со одгледување зелка. И така се нашла на работ на очај, принудена да моли.
Но, како што често се случува, надежта дошла до форма на можност – програмата за обука на Бода девојки. И Лилијан, како и многу други жени, видела, благодарение на оваа работа, нова можност да им даде иднина на своите деца, да ги облекува и да ги храни секој ден.
![](/wp-content/uploads/2025/02/moto.png)
Приказната на Луси – надминување на попреченостите
Тука е и приказната за Луси Оделе, вистински пример за тоа како програмата Бога Грлс стануава и сè поинклузивна. Луси, поради детска парализа, имала потешкотии да си најде работа. Но, гледајќи други жени како возат самоуверено, таа нашла сила да им се придружи. На почетокот имала проблеми, но не се откажа. Си најде решение за себе – помал скутер кој ќе ѝ овозможи лесно да се качува и да се симнува од него.
Девојките Бода не ги менуваат само нивните животи, туку и животите на оние околу нив. Тие инспирираа други жени кои почнаа да ги споделуваат своите вештини за самоодбрана со девојчињата во училиштата. Дури и сопрузите, првично скептични, мораа да ја препознаат вредноста на нивната работа. Сопругот на Моника, на пример, се предомислил, па сега и тој ја придружува на училиштето за обука.
Досега се обучени 51 жена-возачи на мотори, кои се препознатливи по розови седишта, симбол на нивната обука.
Додека сè уште има мажи кои се чувствуваат загрозени од нивниот успех, присуството на Бода девојките е непобитно. А нивната приказна е химна на издржливоста, решителноста и способноста да се промени иднината. Симбол на надеж, не само за Кенија, туку и за сите жени кои сонуваат за подобра иднина.