Овој дизајнер не ја заборави Дајана – Спектакуларна ревија за која долго време ќе се зборува
Еден од најперспективните млади брендови одаде почест на принцезата со неговата фантастична колекција за пролет/лето 2018
Инспириран од една од најголемите модни икони на 80-тите и 90-тите, британската принцеза Дајана, ревијата на италијанскиот моден бренд Off-White под палката на Вирџил Аблох беше една од оние за кои уште многу време ќе се зборува во светот на модата. Елегантни сакоа со нараменици, кошули со нагласени волумени во фантастичен спој со кратки панталони кои потсетуваат на бициклистички, па дури и класични бициклистички несомнено инспирирани од приватниот, но и од оној јавниот стил на Дајана. Тука се и тесните фустани во пар со сако кои исто така беа задолжителни во плакарите на принцезата, а од боите и дезените се истакнуваа цветните мотиви и пред се црно и белите модели, но и парчиња во силна розова боја. Можеби највпечатлив момент на целиот настан беше затворањето на ревијата кое што го направи Наоми Кемпбел во бела комбинација сочинета од шик бело сако со интересни детали и бициклистички во истата боја, а на нозете носеше бели шпиц салонки и најлон ќеси наместо чорапи.
Штипка, Elle.rs