Хороскоп

Ретроградниот Плутон ќе им го преврти тлото под нозе на овие три хороскопски знаци – внимавајте особено на овие датуми!

Плутон во ретрограден од е од 4 мај и ќе биде дури до 13 октомври 2025: Три хороскопски знаци особено ќе ја почувствуваат најсилната „насилна“ трансформација.

Advertisement

Од 4 мај до 13 октомври 2025 година, Плутон ќе биде во ретрограден од 3°49′ до 1°22′ во Водолија, што ќе поттикне длабока интроспекција и трансформација кај сите хороскопски знаци. Овој период е време за преиспитување на скриени емоции, потиснати шаблони и динамики на моќ.

Сепак, три знаци ќе ја почувствуваат оваа енергија најинтензивно и ќе мора да се менуваат од корен:

Advertisement

Бик – криза во јавниот имиџ

Плутон во ретрограден од ќе влијае на вашата десетта куќа, поврзана со кариерата, статусот и јавниот имиџ. Можеби ќе се соочите со предизвици во односите со авторитети, ќе се појават дилеми околу вашиот професионален пат или ќе почнете да го преиспитувате значењето на „успехот“.

Овој период носи можност за длабоко редефинирање на вашите амбиции, но и за целосна трансформација на тоа како ве перципира околината.

Негативната страна? Можни се рушење на имиџот, исмејување во јавноста, па дури и правни проблеми или затвор доколку не се внимава на етичките граници.

Advertisement

Биковите кои долго време ги потиснувале проблемите на работното место може да се соочат со отпуштање, јавен скандал или голема лична и професионална загуба.

Ова е период кога сè што сте граделе со години може да се сруши – но и да се издигне одново, посилно и поавтентично, ако се соочите со вистината.

Лав -длабока криза во врските, од љубов до јавни непријателства

Ретроградниот Плутон ќе ја активира вашата седма куќа на партнерства – област поврзана со љубовта, бракот, соработките, па дури и отворените непријатели. Ако долго време сте одржувале врска или брак од навика или од страв да не останете сами, овој период ќе ве стави на тест на искреноста.

Можно е да настане пукнатина во блиските односи, особено ако постоела потисната манипулација, љубомора или борба за доминација. Ќе бидете повикани да расчистите што навистина сакате од другите – и што сте спремни да дадете за возврат.

Негативната страна? Партнерот може ненадејно да ве остави, да се открие неверство/предавство, или пак вие да ја прекинете врската во момент на емоционален наплив. За некои Лавови, ова е време на развод, судски процес или јавен скандал поврзан со љубовниот живот. Соработки може да пропаднат драматично, оставајќи ве со разнишан углед и чувство на емоционален банкрот.

Но она што Плутон го руши – го руши за да создаде нешто подлабоко и вистинско. Ако имате храброст да излезете од илузијата, ќе создадете врски што се градат на вистина, почит и зрелост.

Водолија – преродба или пад, сè зависи од вас

Со Плутон кој се движи ретроградно токму во вашиот знак, ова е период на внатрешна трансформација, каква што се случува еднаш во животот. Се преиспитувате: Кој сум јас навистина? Дали живеам по свои правила или се уште се трудам да се вклопам во нешто што одамна не ме дефинира?

Можеби ќе почувствувате изолација, потреба да се повлечете, па дури и емоционално да се распаднете – но тоа е само предворје на преродбата. Ова е време кога старото „јас“ умира, за да се роди нешто посилно, посвесно и поавтентично.

Негативната страна? Вашиот имиџ може да биде целосно разнишан, можни се јавни недоразбирања, скандали или исмејување. Може да изгубите позиција, поддршка или статус, особено ако долго време сте живееле во компромис со вашата вистина. Некои Водолии дури би можеле да се соочат со озборувања, судски процеси или правна одговорност, ако постоела нерасчистена сенка од минатото.

Но ако го прифатите процесот, ќе излезете помудри, послободни и непоколебливи во својата автентичност.

Клучни датуми за внимание:

12 мај: Полната месечина во Шкорпија може да донесе емоционални откритија и потреба за ослободување од стари обрасци. Ова е многу критичен ден ако сте „наелектризирани“ – може да предизвикате голема драма или скандал. 

17 мај: Сонцето во конјункција со Уран може да донесе неочекувани промени и изненадувања. Отворете „четири очи“ да не бидете наседнати или наместени!

24 мај: Сатурн влегува во Овен, поттикнувајќи нова фаза на личен раст и дисциплина. Искористете ја енергијата во позитивна насока за позитивна промена, станува збор за огромна енергија!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button