Хороскоп

Ретрограден Сатурн ќе ги донесе до банкрот- три хороскопски знаци се под директен удар до 8 август

До 8 август, кога ретроградниот Сатурн ќе има најсилно влијание во Овен, сите хороскопски знаци треба да бидат внимателни, но три знаци најмногу изложени на ризик. Секоја финансиска одлука треба да биде донесена со претпазливост, а вложувањата одложени доколку не се итни.

Advertisement

Сатурн, планетата на кармата, редот и одговорноста, од 13 јули е во ретроградно движење, прво во Овен, а потоа на 1 септември повторно ќе се врати во Риби. До тогаш, нејзиното ретроградно движење може да предизвика сериозни финансиски турбуленции, особено за неколку хороскопски знаци.

Покрај Сатурн, ретроградни се и Меркур, Нептун и Плутон, што дополнително го усложнува астролошкиот пејзаж. Ова небесно сценарио носи ризик од погрешни проценки, непромислени инвестиции и загуби што можат да доведат до целосен финансиски крах.

Advertisement

Астролозите предупредуваат дека до 8 август најмногу треба да внимаваат следните три хороскопски знаци:

Близнаци

Под влијание на ретроградниот Меркур, Близнаците се изложени на голем ризик од финансиски грешки. Можно е да вложат пари во нешто што нема да им се исплати или да потрошат средства што им се неопходни за нешто друго. Илузијата за финансиска стабилност може да се покаже како најголемата закана, особено поради ретроградноста и на Сатурн. Советот е јасен – не преземајте брзи одлуки и импулсивни трошоци.

Девица

Иако по природа внимателни, Девиците во овој период можат да бидат преоптоварени со обврски и документи што носат скриени трошоци. Секој пропуст, дури и најмал, може скапо да ги чини. Сатурн ги става на тест: дали навистина знаат да се справат со притисокот и дали се доволно подготвени за предизвиците што ги носи реалноста? Одложете го секој посериозен проект најмалку до 8 август, во спортивно ќе се соочите со загуба.

Advertisement

Стрелец

Овој знак често знае да ризикува, но во наредните денови тоа може да се покаже како фатално. Стрелците се соочуваат со закани од погрешни проценки и лоши деловни одлуки. Нивната желба за проширување и освојување нови можности може да ги доведе до финансиски колапс ако не се воздржат и не ја преиспитаат секоја инвестиција. Затоа не преземајте ништо до 8 август.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button