Како (најлесно) да го решите проблемот со мрсната коса еднаш засекогаш
Имате ли проблем со масна коса?
Имате ли проблем со масна коса? Ја миевте пред два дена а веќе имате впечаток како да не сте ја миеле цела една недела? Постојат начини како можете да се изборите против овој проблем. Знаете ли зошто се масти косата? Причината е зголемено лачење на себум, поради што многу жени често косата ја носат врзана во реп или пунџа.
Се прашувате како да се изборите со масната коса? Најпрво, потребно е да промените одредени навики, кои се однесуваат на миењето на косата. Наместо да ја миете секој ден или секој втор ден, за почеток треба да направите пауза од неколку дена. Колку и да ви е тешко да издржите, на крајот трудот ќе ви се исплати. Не е доволно што поретко да ја измиете косата, туку потребно е и да отфрлите и некои други навики, како што е постојаното нејзино допирање.
Поради овој едноставен трик со шампонот, вашата коса ќе изгледа многу поубаво >>
Запаметете дека косата секогаш треба да ја миете со млака, а не со врела вода, затоа што превисоката температура може да предизвика претерано мастење.