Французите најавија нов модел на познатиот мал и компактен градски автомобил и го нарекуваат ново, специјално издание на Twingo – RS Red Bull Racing RB7, што и за најголемите лаици јасно дава до знаење дека треба да се очекува мало експлозивно возило!
Twingo-то, т.е. овој модел доаѓа после Clio Red Bull RB7 едицијата, која имаше одлични резултати, па затоа одговорните во Renault дојдоа до заклучок дека не треба да се губи време и да се направи нова соработка со Red Bull и во овој случај. А како лајт мотив се зема прославата на шампионската титула помеѓу конструкторите за 2011г.
Оваа лимитирана едиција се карактеризира со малкуте – 130 КС и 1.6 литарски мотор, како и стандардниот RenaultSport Twingo, како и со сите бенефити кои ги носи со себе склопот и шасијата на Cup моделот. Сите останати измени, освен стандардната опрема и Cup шасијата, се само прашање на козметика!
Започнуваат со бисерно црната боја и контрастни Sirius жолти огледала и спојлери и типично женски патерн на покривот.
Инаку, доколку она што ќе го видите на фотографиите подолу навистина ви се допадне и посакате да го купите, од старт треба да знаете дека за да го имате овој модел на вашиот паркинг, ќе треба да отидете да го купите во Гарманија, Австрија, Франција, Белгија, Јапонија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска или Швајцарија – затоа што овие се единствените држави каде што ќе се продава!
Врати се на првата страна.