Според зборовите на искусни домаќинки кои ги пробале сите можни рецепти за домашно тесто за пица, јогуртот е тајната состојка што ќе го направи вашето тесто совршено меко и воздушесто.
Јогуртот му дава побогата текстура на тестото и го олеснува замесувањето, дури и ако немате многу искуство. Јогуртот во комбинација со класичните состојки прави чуда!
Advertisement
Ако сте подготвени за најдоброто тесто за пица досега, еве рецепт што сигурно ќе ви помогне.
Состојки за тесто за пица:
250 мл јогурт
600 грама брашно
1 кесичка сув квасец
100 мл масло
50 мл вода
1 лажичка сол

Подготовка:
Почнете со загревање на 250 мл јогурт, така што ќе биде млак – тоа ќе овозможи активирање на квасецот. Во јогуртот додадете една кесичка сув квасец, 50 мл вода и малку брашно. Сè добро измешајте во вангла и оставете да отстои околу 15 минути. Покријте ја ванглата со крпа или алуминиумска фолија за да може квасецот да реагира.
Кога квасецот ќе нарасне, додадете 100 мл масло и сол, па постепено додавајте брашно. Почнете со мешање, а кога тестото ќе стане погусто, продолжете да го месите со раце. Месете околу 10 минути, додека стане мазно и да не се лепи за рацете. Обликувајте го во топка и оставете го во ванглата покриено со крпа уште половина час.
Кога тестото ќе отстои доволно, можете да започнете со подготовка на вашата омилена пица, додавајќи состојки по ваш избор.