MAMAРецепти

Рецепт за најдобриот џем од сливи готов за 15 минути – додадете ја оваа намирница и ќе биде повкусен дури и од Нутела

Овој невообичаен џем од сливи со чоколада е толку вкусен што ќе ве потсети на најдобрите кремови за мачкање од детството, а можеби ќе ви се допадне повеќе и од Нутела.

Advertisement

Сезоната на зимница е во полн ек, а еден рецепт особено ги освојува домаќинките – џем од сливи со „тајна“ состојка, односно, со црна чоколада!

Овој кремаст десерт е совршен за појадок со препечен тост, а ако го намачкате врз палачинки, бидете сигурни дека секој што ќе проба ќе ви побара уште една тура!

Advertisement

Рецептот што ви го носиме е за количина од околу 3 тегли.

Време на подготовка е 15-20 минути. Време на готвење: 2 часа

пекселс

Состојки:

5 кг сливи

Advertisement

2,5 кг шеќер

300 г црна чоколада за готвење

За уште побогат вкус, може да додадете малку рум. Но внимавајте, не премногу рум зашто инаку не би бил погоден и за деца.

Подготовка:

1. Подготовка на сливите

Измијте ги зрелите сливи и извадете ги коските, но не ги лупете. Смелете ги во машина за месо или во блендер за да добиете густа кашеста смеса.

2. Додавање шеќер

Измешајте ги сливите со шеќерот и ставете ја смесата во длабок плех или во голем сад отпорен на топлина.

3. Печење во рерна

Вклучете ја рерната на висока температура и ставете го садот да се крчка. Промешајте на секои 15 минути. По еден час проверете, ако смесата не е доволно густа, оставете ја уште околу половина час.

4. Додавање чоколада

Извадете го садот од рерна и во жешката смеса додадете ја искршената чоколада. Промешајте додека целосно се стопи и се соедини со џемот.

5. Полнeње во тегли

Стерилизирајте тегли со капаци, наполнете ги со млакиот џем и вратете ги уште кратко во рерна за да се создаде тенка коричка.

6. Последен чекор

Оставете ги теглите да преноќат во рерна, а следниот ден добро затворете ги и чувајте ги на студено и темно место.

Овој невообичаен џем од сливи со чоколада е толку вкусен што ќе ве потсети на најдобрите кремови за мачкање од детството, а можеби ќе ви се допадне повеќе и од Нутела.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button