Барате инспирација за превкусно јадење? Зорка ни носи рецепт за триаголници со готови кори и со сирење. Послужете ги со кисело млекце и уживајте со сите сетила во овој прекрасен ден.


Што ви е потребно?
1 пакување готови кори
2 јајца
350 мл кисело млеко
1 лажиче пичиво
300 мл масло
сол по вкус.
Начин на подготовка
Убаво изматете ги намирниците да добиете компактна смеса.

Секоја кора премечкајте ја, па кората се здиплува (како што е прикажано на фотографијата).



Потоа, повторно се премачкува. На почетокот на кората се става сирењето (но може да додадете во сирењето и спанаќ, или по желба што сакате).
На крајот корите се премачкуваат со јајца и со остатокот од смесата (доколку ви остане смеса). Може да наросите и сусам.
Печете ги триаголниците во претходно загреана рерна на 200 степени, 15 минути.





Послужете со кисело млеко. Уживајте во секое залче!