Реклама
MAMAКафе муабет

Строго забрането: 4 реченици кои свекрвите никогаш не треба да им ги кажат на своите снаи

Реклама

Односот свекрва-снаа честопати е сложен самиот по себе, а дополнително може да го комплицираат некои нечувствителни коментари од свекрвата.

1. „Син ми изгледа слабо и нездраво, го храниш ли воопшто?“ – Свекрвите забораваат дека нивните синови веќе се возразни луѓе кои би требало да знаат и самите да се најадат…

Маркетинг

2. „Јас тоа никогаш не би му го дозволила на моето дете!“ – И одгледувањето на внуците знае да биде предмет на расправа. Добро е да се слушне и нечие друго мислење, но сепак, детето си има родители кои треба да го имаат главниот збор.

3. „Не водиш многу грижа за себе…“ – На сите им се има случено да имаат лоша фризура, прамен кој треба да биде обоен или пак темни кругови околу очите. Нема потреба секојдневно да се нагласуваат недостатоците.

Маркетинг

4. „Мојот син сака…“ – Кафе со две лажици шеќер, омекнувач за облека со мирис на планинско цвеќе… Да, но мажот во новиот живот има засакано и многу други работи, за кои можеби таа и не е запознаена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button