САЛАТА ОД ТУНА
– 1 конзерва туна филе
– 7 мали домати
– Зелена салата – 200 g
– Рукола – 40 g
– Црни маслинки
– Листови магдонос
– Јајца – 4 (2 жолчки)
– Боранија – 20 g
– Млад компир – неколку мали компири
Сос:
– Сенф – 1 лажица
– Лимон – 1 (сок и изрендана кора)
– Балсамико
– Маслиново масло
– Мед – една лажица
– Оригано, сол и бибер
Подготовка:
Сварете ги јајцата тврдо (тргнете 2 жолчки), оставете ги да се изладат и потоа исечете ги на мали парчиња. Исчистете ја добро зелената салата и останатиот зеленчук, измијте ги и искинете на мали парчиња. Сварете го компирот и боранијата во посолена вода, оставете да се оладат, па исечете ги. Потоа додадете ја туната која исто така треба да биде искината на парчиња. На врвот наредете ги јајцата и прелијте со сосот.
Целта на правилната исхрана е да се внесуваат доволно калории, витамини, минерали и влакна, за телото да може да го поднесе напорот наложен од тренинзите и натпреварувањата. Салатите се совршен избор, бидејќи се подготвуваат брзо и лесно, а секој може да ги прилагоди на својот вкус. Салатите содржат помалку масти од сложените јадења и затоа се погодни за спортистите и за сите оние кои внимаваат на внесувањето и потршувачката на калории.
Извор: Fitness trener