Рецепти

Рецепти за 4 вкусни и здрави салати за спортисти и диеталци

Реклама
Реклама

 

САЛАТА СО МИСИРКИНО МЕСО

Маркетинг

Состојки:

– Варени мисиркини гради без кожа – 400 g
– Тврдо варени јајца – 4 (издвојте 2 жолчки)
1 голема главица зелена салата – 200 g
– 4 домати
– Краставица – 100 g
– 1 главица црвен кромид ситно исечкан
– 2 црвени пиперки исечкани на коцки

Маркетинг

За сос:

– 1 истолчено чешне лук
– Маслиново масло – 50 ml
– Сок од лимон
– 1/2 лажица сенф
– Сол и бибер и зачини

Подготовка:

Исчистете го зеленчукот и исечете го на лентички. Пропржете ги мисиркините гради на малку маслиново масло и сварете ги јајцата (тргнете 2 жолчки). Измешајте ги сите состојки за сосот. Направете салата во слоеви, додавајќи на секој слој по малку сос и послужете.

САЛАТА ОД ПИЛЕШКО МЕСО

Состојки:

– 2 краставици
– 1 поголемо јаболко
– Шака семки од сончоглед
– Шака кршени ореви
– Парчиња пилешки гради – 400 g
– Масло од тиква и маслиново масло
– Сок од лимон и јаболков оцет
– Сол и бибер

Подготовка:

Изрендајте ги краставиците, посолете ги и оставете на кратко да пуштат течност. Изрендајте го јаболкото, измешајте ги сите состојки и додадете зачини по вкус. Продинстајте ги пилешките гради на маслиново масло со црвениот кромид и потоа оставете ги да се оладат. На крај сите состојки убаво измешајте ги и послужете ладно.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3Следна страница
Back to top button