Ви требаат електролити? Рецепти за 3 изотонични пијалоци кои можете да ги направите сами
Кога се чувствувате уморно и исцрпено или кога сте изгубиле многу течности на пример со вежбање или поради болест, недостатокот на електролити можете да го надоместите со квалитетни изотонични пијалоци кои можете да си ги направите сами.
Нема потреба да давате пари за скапите пијалоци кои се нудат во продавниците и кои содржат различни вештачки материи. Со ваквите природни напивки многу бргу ќе се вратите во форма.
1. Енергетски коктел од зеленчук
Состојки:
· 5 средно големи моркови
· 1 средно голем домат
· 1/2 главица брокула
· 1 шака свеж магданос
· 1 лимета
· 2 парчиња свеж корен од ѓумбир
Измијте ги и исечете ги сите состојки и потоа измелете ги во соковник или блендер. Процедете го сокот и уживајте …
2. Сок од зеленчук и ѓумбир
Состојки:
· 4 големи моркови
· 2 средно големи цвекла
· 2 црвени пиперки
· 1 парче корен од ѓумбир
Излупете го цвеклото, исчистете ја пиперката од семки, исечете ги ситно сите состојки и потоа измелете ги во соковник или блендер. Процедете го сокот, по желба оставете го во фрижидер да се разлади и послужете.
3. Пијалок за закрепнување на организмот при дијареа
Состојки:
· 1 литар вода
· 6 лажици кафеав шеќер или мед
· 1/2 лажичка сол.
Овој пијалок ќе ви помогне да закрепнете и да ги надоместите изгубените електролити во случај на дијареа односно течна столица.