Препорака од фитотерапевтите – природни рецепти за исфрлање на шлајмот за возрасни и деца!
Ловоров лист за исфрлање на шлајм од носот
Ставете 250 g кафеав шеќер во соодветен сад и загревајте додека не порумени, но внимавајте да не прегори, а потоа додадете 2,5 децилитра вода, 3 лажички жалфија и 3 измелени листови од ловор. Кога ќе почне да врие, варете уште 3 минути, а потоа тргнете од шпоретот и оставете да се олади. Се чува во стаклено шише, на ладно и темно место и се пие 3-4 пати на ден кога ќе добиете напад на кашлица. Сирупот треба да се зема редовно, додека не се исфрли целиот секрет.
Рецепт за ублажување на упорна кашлица
Ставете 3 лажици ленено семе и 5 децилитра вода во неоштетено емајлирано тенџере и варете на умерен оган околу 10 минути, а потоа тргнете го тенџерето од огнот, додадете лажица сув тимијан, поклопете го и оставете го да отстои 20 минути. Потоа чајот се процедува и се пие во мали голтки повеќе пати во текот на денот.