Реклама
Нега и здравје

Рецепти со сода бикарбона за нега и убавина од глава до пети

Реклама

Природна паста за избелување на забите. Направете паста од обична паста за заби и сода бикарбона и со неа направете лената на алуминиумска фолија. Залепете ја фолијата со пастата на забите и оставете да делува околу 1 час, а потоа измијте убаво. Користете ја оваа паста два пати неделно по еден час и набргу ќе забележите како забите ви стануваат се побели и побели. Исто така, забите можете едноставно да ги измиете со сода бикарбона наместо со паста за заби така што на влажна четкичка ќе ставите малку сода бикарбона и убаво ќе ги истриете забите. Забите ќе ви бидат побели и со текот на времето ќе се исчистат и дамките. Треба да земете во предвиде дека содата не треба да се користи многу често за третирање на забите за да не дојде до нивно оштетување.

Природен дезодоранс. Содата бикарбона има способност да апсорбира масла и мириси и да го спречува развојот на бактерии, така што слободно може да се користи како дезодоранс. Нанесете ја со четка или рака под пазувите и тоа е тоа. Ако сакате да има мирис, додадете неколку капки етерично масло по избор.

Маркетинг

Сода бикарбона како шампон за коса. Содата бикарбона може да помогне длабински да се исчисти кожата на главата и косата од сите производи кои постојано ги користиме. Измешајте мала количина сода бикарбона со шампонот кој го користите и со добиената смеса убаво измијте ја косата. Косата ќе биде убава и чиста и ќе може полесно да се обликува.

Маркетинг

Купка за бањање. Додадете половина шолја сода бикарбона во купката за бањање. Содата ќе ги неутрализира киселините на кожата и ќе помогне кожата да се исчисти од потта и остатоците на козметички производи на кожата. Ако имате сува кожа, во купката можете да додадете и неколку капки етерично масло. По користењето на купката со сода, ќе забележите дека вашата кожа ќе биде нежна, мазна и совршено чиста.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3

Поврзано

Back to top button