Сода бикарбона за нега на кожата на стопалата. За овој третман додадете околу 70 g сода бикарбона во 3 l вода и потопете ги стопалата во добиената течност на околу половина час. Потоа убаво истријте ги и намачкајте со хранлива крема.
Купка за детоксикација со која ќе ги исфрлите штетните материи од организмот и ќе ја регенерирате и освежите уморната кожа. Додадете во водата околу 130 g сода бикарбона и 130 g горка сол и опуштете се во оваа здрава купка околу половина час.
Сода бикарбона е исто така добра и за чистење на ноктите и отстранување на евентуални габични инфекции од нив. За да ги исчистите ноктите, истурете малку сода бикарбона директно на нив и убаво истријте со четкичка. За лекување на габични инфекции на ноктите, измешајте 2 лажици сода бикарбона и 1 лажица вода. Нанесете ја добиената паста на заболениот нокот и околу него и оставете да делува десетина минути. Повторувајте ја оваа постапка 2-3 пати на ден, се додека не помине инфекцијата.
Премини на следната страна >>