Ѓумбирот се смета за лек за многу болести. Тој поседува способности за чистење на организмот од скоро сите отрови на кои сме изложени преку храната, алкохолот, хемикалиите и зрачењето.
Алтернативната медицина тврди дека токсините во организмот се главен причинител на многу болести. Тие го трујат организмот, предизвикуваат дегенерација на клетките, и можат да доведат до појава на рак. Токсините кои се таложат на ѕидовите на крвните садови доведуваат до хипертензија, мултиплекс склероза, мозочен удар, болести на срцето. Отровите кои се собираат во цревата се главни причинители за појава на гастристис, колитис, чир, панкреатитис, пореметен метаболизам, ендокрини заболувања, дијабетес. Солите кои се создаваат во зглобовите предизвикуваат артритис и остеопороза.
Ѓумбирот може да го согори целиот овој наталожен отпад, да го исчисти организмот, и со тоа да доведе до подобрување на здравјето на природен начин, без непотребни лекови, операции и медицински третмани.
Ѓумбирот ја чисти крвта, го поттикнува варењето, ги чисти отровите од организмот и истовремено ослободува од наталожените масни наслаги. Доколку редовно го употребувате ѓумбирот ќе ви помогне освен здравјето да го подобрите и расположението, како и изгледот на вашата кожа.
Алтернативната медицина препорачува лекувањето на кое било заболување да се започне со третман за прочистување на организмот, бидејќи целиот наталожен отпад во организмот ќе доведе до повторна појава на болеста. Притоа, и со самата процедура на чистење може да доведе до целосно оздравување!
Рецепт од руската алтернативна медицина за прочистување на организмот
и побрз метаболизам
Овој пијалак од ѓумбир го забрзува метаболизмот, ги неутрализира наталожените отрови во организмот и помага за подобро варење на храната.
Еден помал корен (10-20 гр.) ѓумбир или една мала лажичка ѓумбир во прав се прелива со 200 мл врела превриена вода и се остава да стои десет минути. Се додава лажичка мед и сок од лимон. Се пие половината количина наутро на празен стомак, половина час пред јадење, а остатокот во текот на денот, во помали голтки меѓу оброците. Може да се користи секојдневно.
Тинктура од ѓумбир за прочистување на јетрата
За долгорочно и систематско прочистување на јетрата, посебно во лекување на алкохолизам или после хемотерпија, се препорачува употреба на тинктура од ѓумбир.
Измијте убаво еден среден корен од ѓумбир (30 гр.) и изрендајте го (без да го лупите). Изренданиот ѓумбир ставете го во сад од темно стакло или порцелан, прелијте го со 200 мл. ракија, затворете го и оставете го на темно и топло место од 10-14 денови. Се разредува со дестилирана вода или ладна превриена вода во сооднос 1:1.
Тинктурата се зема наутро, на празен стомак, 10-15 минути пред јадење на следниов начин: почнете со 10 капки и по 15 дена почнете да ја зголемувате дозата за по 2 капки секој ден додека не дојдете до 40 капки дневно. Во наредните 15 дена треба да ја пиете истата доза (40 капки дневно), а потоа почнувате да намалувате за по 2 капки дневно, во обратна насока, додека пак не дојдете до 10 капки на ден. Се прави пауза од две недели и потоа пак се повторува постапката.
Тинктура од ѓумбир за подобар имунитет
Оваа тинктура од ѓумбир делува одлично на подобрување на имунитетот и посебно се препорачува за време на сезоната на грип, настинки и инфекции на дишните патишта.
Земете 400 гр. корен од ѓумбир, излупете го, изрендајте го и прелијте го со 1 литар алкохол или квалитетна домашна ракија. Оставете го да стои 3-4 недели на топло место, повремено протресувајќи го. Кога тинктурата ќе пожолти, прецедете ја. Се зема по 1 лажичка по појадок и ручек. Не треба да се користи во вечерните часови.
Витаминска бомба од ѓумбир со мед, лимон и лук
Оваа смеса исто така е многу здрава и ефикасна за подобрување на имунитетот и општата состојба на организмот. Можете да ја користите во текот на целата година, но најмногу се препорачува за зимниот период. Помага при обновувањето и закрепнувањето на организмот по силни стресови, но исто така и по тешки болести и хемотерапија.
Потребни ви се околу 500 гр. мед и една поголема тегла (од 800 гр.). Наполнете ја теглата некаде до под половината со мед. Изрендајте два помали или еден поголем корен од ѓумбир, додадете сок од еден лимон или цел лимон исечен на поситни парчиња и 3-4 чешниња или една помала гавица лук, исто така исечкан на ситни парчиња. Промешајте и сето заедно ставете го во теглата со медот. Теглата треба да се наполни до малку над половината бидејќи ѓумбирот и лимонот ќе пуштат сок. Оставете ја смесата да отстои еден ден. Содржината на теглата ќе се зголеми поради сокот од ѓумбирот и лимонот. Дури потоа дополнете ја теглата со остатокот од медот.
Ако сте болни земајте по три супени лажици дневно. За превенција и зајакнување на имунитетот доволно е 1-2 лажици дневно.