Кога еднаш ќе ги направите, ќе сакате тоа дго повторите уште еднаш, па уште еднаш…
Потребни состојки:
- 400-500 грама брашно
- Сув квасец
- 100 милилитри топло млеко
- 300 грама маргарин или путер
- 300 грама ситно сирење
- Сол (ако сирењето не е доволно солено)
- Јајце за премачкување
Начин на подготовка:
Во еден сад ставете брашно, направете вдлабнатина, па тука разматете го квасецот со млекото. Додајте го сирењето и маргаринот кои претходно биле на собна темпратура. Со раце замесете тесто. Веднаш развлечете го на работна површина (ставете брашно), преклопете ги страните и оставете го да стои (поклопено), околу 15-тина минути. Потоа уште еднаш повторете ја оваа постапка. На крајот развлечете, исечете ги краевите, па потоа направете ленти, па мали коцкички кои ќе ги наполнете со сирње. Ставете ги во сад обложен со хартија за печење или намачкан со маргарин, па оставете ги да постојат. За тоа време вклучете ја рерната на 220 степени. Се печат околу 30 минути или додека не заруменат.