Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за вкусни лазањи со шунка

Реклама

Доколку ви е досадно и постојано сте во потрага по нови рецепти за готвење, тогаш ви предлагаме да го испробате овој рецепт за вкусни лазањи со шунка кој ќе го обожава целото семејство.

ФОТО: mariefrance.fr

Потребни состојки:

  • 1 пакување кори за лазањи
  • 200 грама моцарела
  • 200 грама шунка
  • 400 грама домати
  • 1 главица кромид
  • 130 грама путер
  • 4 децилитри млеко
  • 2 лажички брашно
  • 5 лажички зејтин
  • 400 грама пармезан
  • Црн бибер, оригано, босилек – по желба

Начин на подготовка: Исечете го кромидот и запржете го на врел зејтин. Кога ќе зарумени, додајте ги доматите исечени на коцкички, па потоа зачините и оставете малку да се запржат. Вака добиениот сос од домати малку изладете го и измешајте го со блендер. Во еден сад стопете 100 грама путер, додајте малку брашно и попржете. Постепено додавајте млеко, постојано мешајќи. Исто така зачинете го и овој сос.

Со преостанатиот путер намачкајте еден огноотпорен сад, па потоа наредете ги корите за лазањи. На нив ставете малку сос од домати, потоа парчиња моцарела, па на нив парчиња шунка. Прелијте со малку од белиот бешамел сос, а постапката повторувајте ја се’ додека имате состојки. Печете на 220 степени. Лазањите се готови кога ќе омекне тестото.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button