Испробајте го овој вкусен рецепт за баварски кифлички.
Потребни состојки:
- 20 грама квасец
- 0,5 л млака вода
- 4,5 чаши брашно
- 2 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 3 лажички масло
- 1 литар вода
- 3 лажички сода бикарбона
Начин на подготовка:
Замесете го тестото и оставете го да стои околу еден час на топло место, за да нарасне. Потоа развлечете го во круг и поделете го на 16 делови. Правете кифли од тестото и оставете ги во фрижидер околу половина час. Потоа ставете литар вода да зоврие заедно со сода бикарбона, па ставајте ги кифлите секоја да се вари околу 30 секунди. Во сад ставете хартија за печење и редете ги варените кифли, па со нож малку засечете ги на површината, па посолете ги со морска сол. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги кифлите околу 20 минути.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .