Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за вкусна пита со спанаќ, морков и јогурт – нешто што мора да го пробате!

Реклама

Подгответе ја оваа вкусна пита за појадок или вечера и уживајте со вашите сакани.

ФОТО: bonappetit.com

Потребни состојки:

  • 1/2 килограм тенки кори
  • 2 јајца
  • 1/2 килограм спанаќ
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 200 грама сирење
  • Сол, бибер
  • Масло
  • 1/2 прашок за пециво
  • 100 милилитри јогурт

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата, па додајте го сирењето и малку јогурт, па потоа половина прашок за пециво, и сето ова добро соединете го. На масло запржете го лукот и додајте го ситно исечканиот морков. Ставете сол и бибер. Во пржениот лук додајте малку фил од јајца и сирење 1/4. Обложете со хартија за печење еден мал сад, а во неа прво ставете кора, така што краевите од кората ќе бидат издигнати нагоре над садот. На дното ставете малку од филот со јајца и сирење.

Раширете кора на масата, ставете малку масло, па потоа премачкајте со 2 лажички спанаќ, свиткајте ги краевите, завијте ја кората и ставете ја во претходно подготвениот сад за печење. Така продолжете и со другите кори, а преку нив премачкајте со фил од јајца. На крај преклопете со кората што е издигната над садот, па премачкајте со останатиот фил и печете во рерна на 200 степени, околу 40 минути.

Маркетинг

Добар апетит!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button