MAMAРецепти

Готови за 15 минути: Направете ги овие тортиљи со печурки и задоволете ги своите сетила

Advertisement

Ако сте во потрага по брз и топол оброк, овие тортиљи се како создадени за вашата трпеза.

Advertisement

Печурките се здрава намирница која изобилува со хранливи материи, а денес ви прикажуваме еден рецепт за вкусни тортиљи кои се подготвуваат за само 15 минути.

Потребни состојки:

  • Половина лажичка маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • Половина килограм печурки по избор
  • Зачини: сол, црвена пиперка, црн пипер, чили… (по ваш вкус)
  • 2 тортиљи
  • Зеленчук: Домати, зелка, пиперка

Начин на подготовка: Исчистете ги и исечете ги печурките на тенки кругови. Но, никако не мијте ги со вода, туку исчистете ги со крпа или четка. Во еден сад загрејте малку масло и додајте го лукот. Кога ќе добие жолта боја, додајте ги печурките и малку посолете ги, па додајте ги и останатите зачини. Пржете така околу 10 минути, додека печурките не пуштат вода, а за да го забрзете процесот, пожелно е да го поклопите садот. Додека се варат печурките, исечете го зеленчукот. Кога пржењето на печурките ќе ви биде при крај, додајте го преостанатиот зеленчук и сето тоа добро промешајте го и оставете го да се пржи уште една до две минути. Потоа извадете ги тортиљите, на нив наредете ја готовата смеса од зеленчук, па потоа замотајте.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button