Реклама
MAMAРецепти

Рецепт: Торта од палачинки и еурокрем

Реклама

Палачинките и еурокремот се одлична комбинација за торта, па не се сомневаме дека ќе ви се допадне овој едноставен рецепт.

Потребни состојки за палачинки:

  • 1 чаша брашно
  • 2 јајца
  • 1 чаша кисела вода
  • 1 чаша млеко
  • 2 лажички масло
  • Малку сол

Потребни состојки за фил:

  • 1 пудинг од чоколадо
  • 450 милилитри млеко
  • Еурокрем по желба
  • 5 лажички мелени ореви

Начин на подготовка: Измешајте ги состојките за палачинките и пржете ги на малку масло или путер. Сварете го пудингот во млекото и во врелата смеса додајте го еурокремот. Кога ќе се олади, додајте ги и мелените ореви, па сите состојки добро измешајте ги. Редете ги наизменично палачинките и еурокремот. Преку тортата прелијте уште малку од кремот, па декорирајте по желба. Едноставен, брз и вкусен десерт!

Маркетинг

Поврзано

Back to top button