Палачинките и еурокремот се одлична комбинација за торта, па не се сомневаме дека ќе ви се допадне овој едноставен рецепт.
Потребни состојки за палачинки:
- 1 чаша брашно
- 2 јајца
- 1 чаша кисела вода
- 1 чаша млеко
- 2 лажички масло
- Малку сол
Потребни состојки за фил:
- 1 пудинг од чоколадо
- 450 милилитри млеко
- Еурокрем по желба
- 5 лажички мелени ореви
Начин на подготовка: Измешајте ги состојките за палачинките и пржете ги на малку масло или путер. Сварете го пудингот во млекото и во врелата смеса додајте го еурокремот. Кога ќе се олади, додајте ги и мелените ореви, па сите состојки добро измешајте ги. Редете ги наизменично палачинките и еурокремот. Преку тортата прелијте уште малку од кремот, па декорирајте по желба. Едноставен, брз и вкусен десерт!
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .