Реклама
MAMAРецепти

Топли и меки: Крофни со јаболка кои ја греат душата (Рецепт)

Реклама

Направете ги овие домашни крофни кои куќата ќе ја исполнат со прекрасен мирис, а и ќе ви ја згреат душата.

Потребни состојки:

  • 300 грама брашно
  • 100 грама густин
  • 100 грама шеќер
  • 2 јаболки
  • 2 јајца
  • 400 милилитри јогурт
  • 50 милилитри ракија
  • 1 лимон
  • 100 грама шеќер во прав
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 1 портокал

Начин на подготовка: Во поголем сад ставете ги јајцата и непрекинато мешајте, па додајте го јогуртот и шеќерот. Јаболките излупете ги и крупно изрендајте ги, па додајте ги во садот. Потоа додајте го ванилиниот шеќер и во садот крупно изрендајте кора од лимон или портокал. Додајте ракија, брашно, густин и прашок за пециво. Мешајте додека состојките ен се соединат. Оставете го тестото да постои околу 15-тина минути. Потоа со лажица која претходно сте ја премачкале со масло, земете од тестото и формирајте крофни, па пржете ги во загреано масло. Испржените крофни ставете ги на чинија обложена со харитја, за да се впие непотебната маснотија. Наредете ги крофните во чинија за сервирање и нанесете шеќер во прав. Пријатно!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button