Направете ги овие домашни крофни кои куќата ќе ја исполнат со прекрасен мирис, а и ќе ви ја згреат душата.
Потребни состојки:
- 300 грама брашно
- 100 грама густин
- 100 грама шеќер
- 2 јаболки
- 2 јајца
- 400 милилитри јогурт
- 50 милилитри ракија
- 1 лимон
- 100 грама шеќер во прав
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 прашок за пециво
- 1 портокал
Начин на подготовка: Во поголем сад ставете ги јајцата и непрекинато мешајте, па додајте го јогуртот и шеќерот. Јаболките излупете ги и крупно изрендајте ги, па додајте ги во садот. Потоа додајте го ванилиниот шеќер и во садот крупно изрендајте кора од лимон или портокал. Додајте ракија, брашно, густин и прашок за пециво. Мешајте додека состојките ен се соединат. Оставете го тестото да постои околу 15-тина минути. Потоа со лажица која претходно сте ја премачкале со масло, земете од тестото и формирајте крофни, па пржете ги во загреано масло. Испржените крофни ставете ги на чинија обложена со харитја, за да се впие непотебната маснотија. Наредете ги крофните во чинија за сервирање и нанесете шеќер во прав. Пријатно!