Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за таратур со ореви, идеален за празничните трпези

Реклама

Збогатете ја вашата празнична трпеза со оваа таратур салата од која никогаш нема да ви е доста.

ФОТО: theepochtimes.com

Потребни состојки:

  • 4-5 чешниња лук
  • 100 грама ореви
  • 50 милилитри масло (приближно)
  • 1 кг кисело млеко
  • 1 краставица
  • Сол по желба
  • 1 лажичка оцет

Начин на подготовка: Во еден сад ставете ги исчистените ореви, лукот и солта, па истолчете ги со толчник, додека повремено додавате масло. Откако ќе добиете белса смеса додајте го киселото млеко, оцетот и на крај краставицата исечкана на мали коцкички. Сето тоа добро промешајте па изладете го во фрижидер. Уживајте!

Маркетинг

Поврзано

Back to top button