Реклама
MAMAРецепти

Ќе си ги излижете прстите: Шпанска тортиља од 4 состојки по рецептот на Џејми Оливер

Реклама

Овој рецет е едноставен, но вкусен, а можете да го комбинирате со многу видови сосови и зачини.

Шпанската тортиља е јадење кое се служи во сите шпански барови, со пијалак, а исто така може да се консумира и како предјадење.

Маркетинг

Потребни состојки:

  • 300 грама компир
  • 1 главица црвен кромид
  • Маслиново масло
  • 5 големи јајца

Начин на подготовка: Излупете го компирот и исечете го на тенки парчиња. Исчистете го кромидот. Две мали лажици маслиново масло ставете ги во еден сад и почекајте да с загрее, па потоа додајте го прво кромидот, па компирите. Намалете ја температурата и мешајте 25-30 минути, додека кромидот не добе златна боја и додека компирот не омекне добро. Обидете се да не мешате предолго за да не се распадне кромидот.

Потоа ставете ги јајцата во еден сад, додајте сол и бибер и потоа промешајте. Кога ќе се сварат кромидот и компирите, тргнете ги од оган, потоа додајте ги јајцата, па продолжете да варете на тивок оган уште 20 минути. Лесно свртете ја тортиљата со користење на чинија, така што другата страна еднакво да се испече. Кога и двете страни ќе добијат еднаква златно жолта боја, тргнете ја од оган. Почекајте да се олади, па исечете ја на шест еднакви делови и послужете.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button