Реклама
MAMAРецепти

Принцес крофни какви што не сте пробале: Брзо се подготвуваат, сочни се и кремасти (Рецепт)

Реклама

Сигурно сите сакате принцес крофни, а овој малку поинаков рецепт ќе ве воодушеви!

Ако сте љубители на принцес крофни, тогаш знаете колку понекогаш е напорно и комплицирано да направите тесто за нив. Освен тоа, треба и да ги полните. Процесот може да трае со часови. За среќа, пронајдовме рецепт со чијашто брза и едноставна подготовка вие ќе бидете презадоволни.

Маркетинг

Потребни состојки за тестото:

  • 500 милилитри вода
  • 160 грама путер
  • 500 грама брашно
  • 3 јајца
  • 1 лажичка шеќер
  • Малку сол

Потребни состојки за крем:

  • Околу 100 грама чоколадо, мармалад, шумско овошје или друго по желба

Начин на подготовка: На самиот почеток, чоколадото, мармаладот или другото слатко по ваш избор, распоредете го во сад за коцкички лед, па ставете ги во замрзнувач да постојат околу еден час. За тоа време ставете го путерот да се стопи на слаб оган, додајте вода и оставете да зоврие. Кога водата ќе почне посилно да вари, додајте брашно и добро промешајте, па додајте ги јајцата. Секако, не прекинувајте да мешате. Кога ќе ги измешате сите состојки, ставете ја смесата во шприц. Извадете ги заледените коцкички мармалад или слично слатко, па околу нив нанесете смеса во облик на обични крофни. Запржете ги во врел зејтин. На крај слободно нанесете им прав шеќер.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button