Направете ја оваа посебна и посна пица и уживајте со целото семејство.
ФОТО: Printscreen Youtube
Потребни состојки:
1 тесто за пица
1/2 килограм спанаќ
1 лажичка копар
неколку маслинки
1 чешне лук
3/4 чаша зејтин
бибер
сол
Начин на подготовка:
Advertisement
Исчистениот и измиениот спанаќ сварете го во врела вода и оставете го да се исцеди. Исчистете ги и маслинките и исечете ги на тенки кругчиња. Исецканиот лук запржете го на масло, само за да пушти мирис, а потоа отстранете го, а во маслото додајте ги маслинките, зачините и спанаќот, потоа промешајте па сето тоа заедно прожете го на умерена температура, околу 10-тина минути. Вака подготвената смеса ставете ја врз тестото за пица и печете на сичен оган околу 30 минути.
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .