Предлог ручек: Рецепт за полнети тиквички со мелено месо и ориз
Денес ви прикажуваме една оригинална идеја за ручек.
Потребни состојки:
- 500 грама мелено месо
 - 150 грама ориз
 - 1 глава кромид
 - 2 главички лук
 - 1 јајце
 - 2 децилитри варени домати
 - 2 лажички брашно
 - 1 полна лажичка црвен пипер
 - сол и бибер по желба
 
Начин на подготовка: На малку масло пржете го ситно исецканиот кромид, додајте го меленото месо и сето заедно пржете го уште некоја минута. Изладете го, па додајте го измиениот ориз, јајцето, ситно сечканиот лук, сол, бибер и други зачини по вкус. Соединете ги добро.
Излупете ги тиквите, извадете им го средниот дел и полнете ги со меленото месо. Ставете ги во длабок сад, ставете им малку вода, па додајте ги варените домати. Затворете и варете ги на тивок оган. Кога ќе бидат готови, направете им запршка, така што на малку масло ќе запржите бршано и на крај ќе додадете црвен пипер. Измешајте и ставете ги во садот со ткви, постојано мешајќи за да избегнете мали грутки. Додајте зачини по желба и варете уште малку. Служете ги со варен компир, пире или кисела павлака. Изборот е ваш!
 




