Не пропуштајте да ги пробате овие солени палачинки.
Потребни состојки:
- 1 чешне лук
- 300 грама шампињони
- 250 грама крем сирење
- 2 лажички маслиново масло
- сол, бибер
Начин на подготовка: На маслиново масло запржете едно чешне лук. Кога ќе добие златна боја, извадете го и додајте ги сечканите шампињони. Динстајте додека не испари сета вода од нив, а потоа ставете сол и бибер. Кога добро ќе се оладат шампињоните, додајте крем сирење и добро промешајте. Додајте сол и бибер, а ако е потребно ставете и малку млеко. Една по една палачинка филувајте ги со кремот од шампињони и замотете ги. Ако сакате, и преку нив ставете крем сирење.
Добар апетит!
Маркетинг