Меѓу другото, есента е одлично време за испробување нови десерти од кои ќе замириса целата кујна. Денес ви прикажуваме еден одличен рецепт за вкусна пита од круши и јаболка која вам и на вашите најмили ќе ви пружи вистинско уживање.
Потребни состојки:
- 6 зелени јаболка, излупени и исчистени од срцевина
- 5 круши, излупени и исчистени
- 2 лажици сок од лимон
- 140 грама шеќер
- 50 грама кафеав шеќер
- 1 лажичка брашно
- 1 лажичка цимет
Потребни состојки за кремот:
- 100 грама брашно
- 100 грама овес
- Половина лажичка цимет
- 200 грама кафеав шеќер
- 110 грама путер
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка: Најпрво загрејте ја ринглата на 175 степени Целзиусови. Во голем сад за измешајте ги јаболката, крушите и сокот од лимон. Во помал сад измешајте го обичниот и кафеавиот шеќер, брашното и циметот. Со оваа смеса поросете ги јаболката и крушите. А смесата турете ја во тава во еднакви слоеви. Во голем сад, измешајте ги овесот, брашното, циметот и кафеавиот шеќер, а врз нив турете смеса од путер и ванила и мешајте додека не се изедначи смесата. Смесата турете ја врз микстурата од јаболка и круши. Печете околу 40-45 минути или додека не добие златна боја. Се сервира топло, а дополнително, по ваша желба можете да додадете сладолед, карамел сос или шлаг пена.
Уживајте!