Сонцето веќе некое време како да се погрува со нас, а ние на секое негово „посериозно“ појавување можеме да му вратиме со вкусен сладолед.
Да, штом температурите ќе станат повисоки, многумина не можат да им одолеат на шарените фрижидери со сладоледи. Но, дали постои можност да ја задоволиме оваа наша страст, а притоа да внимаваме и на нашата линија?
Па секако дека постојат здрави сладоледи, и што е најважно, за да ги подготвите потребни ви се само 5 минути, што значи дури и помалце време ќе потрошите отколу да скокнете до некој од маркетите и да купите. Популарниот замрзнат јогурт е здрава верзија на кремаст сладолед, но доколку при неговата изработка користите обичен јогурт со леснотија ќе можете да му парирате.
Рецепт – замрзнат јогурт од шумско овошје
Состојки
500 грама замрзнато шумско овошје
200 мл јогурт
Агаве сируп за засладување по желба
Подготовка
Ставете ги сите состојкли во блендер – замрзнатото шумско овошје, јогуртот и агаве сирупот (по желба). Сето добро измиксајте го во изедначена смеса. Доколку смесата е премногу течна ставете ја уште малку во фрижидерот или додадете уште јогурт и послужете како освежителен „смуди“.Замрзнатиот јогурт од шумско овошје украсите го со свежи малини и боровници.
Па, пријатен апетит!
Извор: she.hr