Откријте го рецептот за својот нов омилен десерт!
Потребни состојки за кори:
- 2,5 чаши бадеми
- 15 урми
- 2 лажички какао во прав
- Малку сол
Потребни состојки за чоколаден фил:
- 2,5 чаши индиски ореви
- 1/2 чаша вода
- 1/2 чаша кокосово масло
- 5 лажички мед
- 5 урми
- 2 лажички какао во прав
- Малку сол
Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки со помош на блендер, додека не добиете хомогена смеса. Смесата ставете ја во претходно обложен сад за колачи и оставете ја на страна. За подготовка на чоколадниот фил, ставете ги индиските ореви, водата, кокосовото масло и медот во блендер, па мешајте додека не добиете еднаква смеса. Додајте ги и преостанатите состојки и мешајте уште неколку секунди, па ставете го филот преку кората. Оставете го колачот да стои во фрижидер најмалку шест часа (пожелно е и подолго), пред да го сервирате. Декорирајте со парчиња бадеми.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .