Рецепти

Рецепт за лудо тесто кое можете да го користите неколку дена

Реклама
Реклама

Рецепт за лудо тесто кое можете да го користите неколку дена.

Погледнете го овој рецепт за тесто кое можете да го употребите за различни колачи и други јадења, а посебно е корисно бидејќи може да стои и неколу дена и да го искористите кога сакате. Постојат повеќе варијанти, но ова е домашна и проверена.

Маркетинг

СОСТОЈКИ

1 кг брашно, 1 свеж квасец, 1 лажица шеќер, 2 јајца, 2 јогурти, 1 прашок за пециво, ½ литри млеко, 2 лажички шеќер за благо тесто или 2 лажички сол за солено

Маркетинг

НАЧИН НА ПОДГОТОВKА

Најпрво е потребно во 2 дцл топло млеко да се замеша свеж квасец и една лажица шеќер и да се остави тоа да се подигне. Замешајте заедно брашно, квасец, јајца, јогурт, прашок за пециво, остатокот од млекото и шеќер или сок по потреба.

Прекријте со крпа и оставете го половина час да се подигне на топло.

Тесотот можете да го ставите во фрижидер и до 7 дена, така што ќе го ставите во некое поголемо ќесе кое е премачкана со масло (треба да биде поголема бидејќи тестото ќе расте уште) и добро да се врзе кесето. Вадите по потреба, колку и кога ќе ви затреба.

Ова тесто е одлично за најразлични варијанти на благи и солени јадења, така што вие самите одлучувате дали во него ќе ставите сол или шеќер. Со ова тесто можете да правите и кифли, така што дополнително ќе ставите 1 маргарин кој ќе го премачката во повеќе слоеви додека го сукате и префрлате тестото. Со лудото тесто исто така можете да направите пица, кифли, погачки, крофни и се што ви е по желба.

Па, добар апетит и пишете ни за што планирате да го употребите ова тесто.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button