Рецепти

Рецепт за лудо тесто

Advertisement

Погледнете го овој рецепт за лудо тесто, односно тесто кое можете да го користите неколку дена.

Advertisement

Тесто кое можете да го користите до 7 дена

Погледнете го овој рецепт за тесто кое можете да го употребите за различни колачи и други јадења, а посебно е корисно бидејќи може да стои и неколу дена и да го искористите кога сакате. Постојат повеќе варијанти, но ова е домашна и проверена.

Advertisement

СОСТОЈКИ

1 кг брашно, 1 свеж квасец, 1 лажица шеќер, 2 јајца, 2 јогурти, 1 прашок за пециво, ½ литри млеко, 2 лажички шеќер за благо тесто или 2 лажички сол за солено

НАЧИН НА ПОДГОТОВKАка

Најпрво е потребно во 2 дцл топло млеко да се замеша свеж квасец и една лажица шеќер и да се остави тоа да се подигне.

Замешајте заедно брашно, квасец, јајца, јогурт, прашок за пециво, остатокот од млекото и шеќер или сок по потреба.

Прекријте со крпа и оставете го половина час да се подигне на топло.

Тесотот можете да го ставите во фрижидер и до 7 дена, така што ќе го ставите во некое поголемо ќесе кое е премачкана со масло (треба да биде поголема бидејќи тестото ќе расте уште) и добро да се врзе кесето.

Вадите по потреба, колку и кога ќе ви затреба.

Ова тесто е одлично за најразлични варијанти на благи и солени јадења, така што вие самите одлучувате дали во него ќе ставите сол или шеќер.

Со ова тесто можете да правите и кифли, така што дополнително ќе ставите 1 маргарин кој ќе го премачката во повеќе слоеви додека го сукате и префрлате тестото.

Со ова тесто можете да направите пица, кифли, погачки, крофни и се што ви е по желба.

Па, добар апетит и пишете ни за што планирате да го употребите ова тесто.

{JFBCLike url=http://facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button