Нашиот секси пријател Перо, кој живее и работи како кувар во Австралија, и кој вчера ни се претстави со еден традиционален рецепт од македонската кујна (мусака со компири) за денес ни подготви рецепт за лазањи.
Најдобриот рецепт за лазањи на Перо
Да, да.. секси Перо повторно ни подготви нешто вкусно, а овој пат се работи за најдобриот рецепт за лазање. Еве како се подготвува:
Подготовка
1. На масло и путер испржете кромид, целер и морково на оган со средна јачина, додека не омекнат.
2. Појачајте го оганот и додадете го место.
3. Пржете го додека не добие убава кафена боја, а за сето тоа време мешајте го.
4. Додајте го сокот од патлиџани, виното, магданосот и сол и бибер по вкус.
5. Загрејте додека не почне да врие, а потоа намалете го огинот и нека се вари 45 минути.
6. Направете башамел сос: истопите путер на тивко, додајте му брашно и мешајте 1 минута
7. Тргнете го од оганот и ставете го млекото.
8. Вратете го на оганот и за целото време мешајте се додека сосот не почне да проврива и не почне да се згуснува.
9. Мешајте уште една-две минута, додајте сол, бибер и оревчиња по желба
10. За да не се фати кора врз сосот, прекријте го садот со најлон или фолија
11. Загрејте ја релната на 180 степени
12. Ставете го тестото во добро подмаџкан сад, потоа ставете ред месо, ред башамел сос
13. Направете повеќе слоеви и завршите со башамел сос
14. На крајот посипете го со пармезан
15. Печете го 35-45 минути, додека не добие златно-кафеава нијанса
Време за подготовка – 30 минути |
Потребни состојки:
400 грама тесто за лазањи
600 грама јунешко мелено месо
2 лажици масло
30 г. путер
1 кромид, ситно исецкан
1 стебло целер, ситно исецкано
1 морков, исецкан на коцки
1 филџан сок од патлиџани
1 филџан црно вино
Малку сецкан магданос
Сол и бибер
За бешамел сос
Потребни состојки: 60. г путер |
Пријатен апетит.
Следи ги рецептите на секси Перо на Facebook » {JFBCLike url=http://facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}