Реклама
Рецепти

Меки и миризливи: Рецепт за крофни кои ќе ги паметите уште долго

Реклама

Идеално време за подготовка на крофни? Па… секој ден!

Најважната работа при подготовката на крофни е секако добриот рецепт кој би го следеле без проблем. Со вкусното тесто важно е и да одберете вкусен џем или чоколадо за полнење, а за на изглед да ви бидат попривлечни, може да си поиграте и со некоја интересна глазура.

Потребни состојки:

  • 800 грама брашно
  • 80 грама шеќер
  • 80 грама путер
  • 3 жолчки
  • 2 белки
  • 3 децилитри млеко
  • 1 коцка квасец
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажичка сол
  • Изрендана кора од лимон
  • Масло за пржење

 

Маркетинг

Начин на подготовка:

Изматете го квасецот со топло млеко и една лажичка шеќер. Во брашното додајте го шеќерот, ванилиниот шеќње, солта, путерот, кората од лимон, јајцата и млекото, а на крајот додајте го квасецот и замесете меко тесто. Оставете ја смесата да постои на собна температура, околу еден час. Кога ќе се надигне тестото, развијте кора со дебелина од 1 сантиметар, па направите кружни форми во посакуваната големина (може да се послужите со чаша). Пред пржење оставете ги да постојат уште 10-тина минути. Загрејте го маслото, а кога ќе ги ставите крофните намалете ја темпеатурата, па пржете ги од двете страни во повеќе масло, додека не добијат златна боја.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button