Рецепти

Рецепт на денот: Прекрасни кремпити готови за 30 минути

Реклама
Реклама

Кремпитите се навистина вкусно задоволство, но се чини дека за да ги направиме сами ќе биде потребно многу труд и време.

Маркетинг

Фото: Guliver/Thinkstock

Но, овде ви предлагаме еден сосема поинаков рецепт. За него не ви е потребно никакво посебно знаење и искуство, а за само половина час ќе ги добиете најубавите кремпити кои некогаш сте ги пробале!

Потребни состојки:

Маркетинг

– 1,3 литар млеко
– 1 путер
– 6 лажици остро брашно
– 6 јајца
– 18 лажици шеќер
– 2 пудинга од ванила
– 1 до 2 павлаки за шлагот
– 2 кори за кремпити

Подготовка:

1. Одвојте ги жолчките од белките и потоа изматете ги белките.
2. Ставете во еден сад околу половина од млекото и во него додајте ги жолчките, шеќерот, брашното и пудингот и се добро изматете со миксер додека не добиете воедначена смеса.
3. Другата половина од млекото ставете ја во тенџере и додајте го путерот. Загревајте на оган додека млекото скоро не зоврие, односно додека путерот потполно не се растопи па тргнете го од огнот.
4. Првата смеса прелијте ја во втората (во млекото и путерот) и мешајте додека се убаво не се соедини и згусне.
5. На крајот, во тенџерето додајте ги и изматените белки па со миксер на најслабата брзина се убаво измешајте додека смесата не се соедини.
6. Првата кора ставете ја во длабока тепсија па врз неа прелијте ја добиената смеса па измазнете со лажица.
7. Изматете шлаг и размачкајте го по смесата па потоа прекријте со другата кора.

Совет:

– За да можете полесно да ги исечете кремпитите, горната кора прво исечете ја на коцки па потоа коцките наредете ги врз смесата.
– Кремпитите се многу вкусни и без шлаг, па ако не сте љубители на шлаг можете и да го изоставите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button